Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трофејниот тренер, Луис ван Гал тврди дека било „чудо“ да се освои ФА Купот со Манчестер Јунајтед.
Холандскиот стручњак соработувал во големи клубови и освоил разни трофеи, но тој објасни зошто ФА Купот е сепак нешто што го смета за најголемото достигнување во неговата тренерска кариера.
„Имав 10 играчи на возраст над 30 години во тимот, пет над 35-годишна возраст. Затоа сметам дека тој трофеј е моето најголемо достигнување“, објасни 68-годишниот тренер.
“Најтешкиот дел беше работењето во Јунајтед. Им реков дека не сакам да ми се мешаат во работата и дека е тешко да се работи со мене. Тимот немаше ниво да биде шампион. Составив список на играчи што ги сакав, но не ги добив”, додаде Ван Гал.
Ван Гал беше тренер на Јунајтед од 2014. до 2016. година и се сметаше за можен наследник на Сер Алекс Фергусон на долг рок, но тоа не беше случај на крајот.