Ван Гал си замина без пораз: Куман го презема кормилото на Холандија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот стратег Луј Ван Гал си замина од тренерското столче на Холандија по поразот од Аргентина на пенали, а негова замена ќе биде поранешниот предводник на Барселона, Роналд Куман.

Куман се враќа на селекторската позиција, каде што беше од 2018 до 2020 година, по што се пресели во каталонскиот гигант.

Куман имаше неуспешна авантура на „Камп Ноу“ и доби отказ, а по една година пауза повторно му се враќа на фудбалот и ќе биде селектор на Холандија.

Во својот прв мандат на чело на Холандија тој имаше 11 победи, пет ремија и четири порази.