Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди игра одлично на позајмица во ПСЖ, кадешто постигна девет гола на десет натпревари и парижаните се презадоволни со неговите настапи.
Икарди нема место во Интер, па поради тоа ПСЖ сака да го откупи следното лето за 65 милиони евра, а дека се сериозно покажува фактот што веќе закажале состанок со сопругата и агент на фудбалерот, Ванда Нара.
Напаѓачот ќе добие петгодишен договор со ПСЖ, а условите засега не се познати, но сосема сигурно францускиот шампион нема да штеди за платата на Аргентинецот.
Аргентинскиот фудбалер во кариерата, пред Интер, настапуваше и за Сампдорија, а го носеше и дресот на младинските селекции на Барселона.