Ванда Нара за Шакира: Нема бегање – или ќе изневериш или ќе те изневерат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната партнерка и менаџерка на Мауро Икарди, Ванда Нара даде коментар за разделбата на познатиот пар Жерар Пике и Шакира.

Пике ја изневери Шакира пред нивната разделба минатата година, а Ванда вели дека сочувствува со неа затоа што ѝ се случило нешто идентично.

„Не знам каква бев по неверството, но знам дека никој не е безбеден од тоа. Во одреден момент од животот или ќе изневерите или ќе ве изневерат“, кажа Ванда на гостување во една емисија.