Ванда посакувала Икарди да потпише со Милан, но тој не ја послушал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ова лето го напушти Интер и замина на едногодишна позајмица во ПСЖ.

Икарди доминира во дресот на францускиот клуб бидејќи на седум натпревари во досегашниот дел од сезоната има постигнато дури седум погодоци. Аргентинецот беше отпишан од Интер уште во изминатата сезона и заминувањето во ПСЖ му беше полн погодок.

Неговата сопруга и менаџерка, Ванда Нара призна дека таа посакувала Мауро да остане во Милано и да потпише за градскиот ривал бидејќи не била расположена за преселување. Но Икарди овај пат не ја послушал.

„Имавме можност Мауро да замине во Милан. Лично таа одлука повеќе ми се допаѓаше бидејќи така би останале во Милано, но тој не можеше да ја одбие понудата од ПСЖ и тоа за него беше најдобра одлука. Лично мене ми падна тешко бидејќи постојано патувам од Париз до Милано и обратно. Децата исто така се во Париз, но тоа беше подобро за кариерата на Мауро и тоа е тоа“, изјави Ванда.

Ванда работи и како водител во спортската емисија Тики-Така заради која треба еднаш неделно да доаѓа во Милано.