Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Тотенхем претрпе пораз со вкус на победа на гостувањето на „Етихад“ кај Манчестер Сити.
„Петлите“ загубија со 4:3 и по ради правилото за гол во гости успеаја да се пласираат во полуфиналето од најелитното европско натпреварување.
Натпреварот го обележа првото полувреме во кој падна рекордот за најмногу постигнати голови за 20 минути во кои паднаа дури пет погодоци. Првиот дел заврши во корист на Манчестер Сити со 3:2..
Во 59. минута Серхио Агуеро постигна феноменален погодок за 4:2 и ја врати предноста на страната на „граѓаните“.
Голот за 4:3 го постигна Фернандо Љоренте со својот колк и тоа на крај испадна дека е одлучувачки гол на средбата.
Меѓутоа, одлучувачки момент беше оној во 92. минута кога Рахим Стерлинг постигна погодок, на кој сите многу се израдуваа, но Чунејт Чакир по консултација со судиите во ВАР собата го поништи поради очигледна офсајд позиција.