ВАР-судијата кој го потврди пеналот врз Стерлинг: Не можев ништо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол ван Бекел, судијата кој беше главен во ВАР-собата во текот на мечот меѓу Англија и Данска зборуваше за досудениот пенал врз Рахим Стерлинг.

Стерлинг падна во казнениот простор на Данска во текот на продолженијата во полуфиналето на Европското првенство и судијата Дани Макели досуди пенал.

Тоа беше на асистенција на судијата од ВАР-собата и токму тој пенал го реши патникот во финалето на натпреварувањето.

Судијата кој суди веќе 15 години и на официјалната ФИФА-листа е од 2008 година зборуваше за пеналот.

„Често се прашувам што би се случило да интервенирав. Разбирам критики, но не на моја сметка. Грешката на Макели не е очигледна, не можев ништо да направам. Од еден агол на камерата забележав дека има контакт меѓу дефанзивецот и напаѓачот. Мислам дека пеналот беше престрого досуден, но во такви ситуации мора да го поддржам судијата“, вели Ван Бекел.