Варан го доби тоа што го сакаше: Станува еден од најплатените играчи во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„АС“ пренесува дека од раководството на Реал Мадрид планираат по секоја цена да го задржат Рафаел Варан.

Токму затоа „кралевите“ ќе му понудат нов договор на францускиот интернационалец со кој значително ќе му ја зголемат платата и со тоа ќе го направат еден од најплатените фудбалери на тимот.

Варан во моментов заработува околу шест милиони евра годишна плата, а со новиот договор би заработувал околу девет милиони евра годишно.

За 25 годишниот стопер сериозен интерес има од екипите на ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.