Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид наводно е во преговори со францускиот дефанзивец Рафаел Варан за повторна соработка меѓу двете страни.
„АС“ објави дека Варан е подготвен да прифати и помала плата само за да го облече дресот на „кралевите“.
По повредата на Давид Алаба почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да го замени, а Варан делува како идеална замена.
Французинот не е среќен во Манчестер јунајтед затоа што често е на клупата и затоа сака да се врати во Мадрид, но проблем за Реал е тоа што интерес покажал и Баерн Минхен.
Реал е подготвен да плати околу 10 милиони евра, додека Баерн ќе издвои двојно повеќе.