Варан се повреди и го чека долга пауза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Рафаел Варан се повреди и го чека долга пауза, а тоа е голем проблем за Манчестер јунајтед на почеток на новата сезона.

Варан ќе паузира шест недели поради повредата која ја заработи на мечот против Нотингем Форест минатиот викенд.

Тренерот Ерик Тен Хаг не може да смета ниту на Лук Шо и Тајрел Маласија, па ова е голем проблем кој мора наскоро да го реши.

Манчестер јунајтед веќе ја стопира продажбата на Хари Мегваер во Вест хем, а воедно преговара со Челси за позајмица на Марк Кукурела.