Вардар ја декласира Шкендија за крај на сезоната! (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар ја декласира Шкендија со 3-0 во последното коло од Првата македонска фудбалска лига.

Ајетовиќ си постигна автогол за предност на Вардар, а потоа Закариќ стрелаше за да го зголеми водството на 2-0 пред крајот на првото полувреме.

Николов во самата завршница погоди за конечни 3-0 и донесе голема победа за вардарци на крајот на сезоната во Првата лига.