Вардар ќе игра против Струга во финалето на македонскиот Куп


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Во оваа сезона, финалето на Купот на Македонија ќе ги донесе на мегдан Вардар и Струга.

Вардар, кој е најтрофејниот клуб во Македонија, ремизираше (1-1) на вториот натпревар против Брера Струмица, но благодарение на сигурната победа од првиот дуел (3-0), лесно успеа да се пласира во финалето. Во овој реванш, вардарци настапија со изменет тим, што Брера искористи за да поведе преку голот на Христијан Јанкулоски во 34. минута. Сепак, во почетокот на второто полувреме, Михаил Талевски го израмни резултатот, кој остана конечен до крајот.

Струга, од друга страна, успеа да ја елиминира Шкендија по возбудлив двомеч. На реваншот кој се одигра пред својата публика, стружани поведоа со гол на Хоган во првиот дел. Во завршницата, Шкендија израмни по грешка на домашната одбрана и несигурност на голманот по еден корнер. Сепак, резултатот 1-1 беше доволен за Струга да влезе во финалето, по победата од првиот натпревар (2-1).

Фото: Принтскрин