До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ракометниот клуб Вардар кон крајот на јануари ќе биде дел од реномираниот меѓународен турнир „Лабин Хендбол Куп 2026“, кој ќе се одржи на 30 и 31 јануари во хрватскиот град Лабин.
Скопскиот состав ќе го отвори турнирот со полуфинален натпревар против словенечкиот тим Слован од Љубљана, закажан за 18 часот. Во вториот полуфинален дуел, кој ќе се одигра истата вечер од 20:15 часот, ќе се соочат хрватските клубови Загреб и Сесвете.
Екипите што ќе излезат како победници од полуфиналните пресметки ќе обезбедат место во големото финале, кое е предвидено за наредниот ден со почеток од 20:15 часот.
Фото: RK Vardar 1961
















