Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче на прес-конференција објави дека ќе биде забрането присуство на публика на спортски настани во следните 30 денови.
Тоа значи дека освен мечот меѓу Македонија и Косово во фудбал во баражот за пласман на Евро 2020, и Вардар ќе игра без публика против Нексе на 15 март, како и ПИК Сегед на 22 март.
Министерот порача дека ќе мора да се затворат вратите за спортските настани, како и за настани на кои ќе има повеќе од 1.000 луѓе поради страв од ширење на опасниот коронавирус.