Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави екипите кои ќе настапуваат во Лигата на шампиони (ЛШ) во групната фаза во сезоната 2019/20, а една од нив ќе биде актуелниот шампион Вардар.
Извлекувањето на противниците на Вардар ќе се случи на 27 јуни, а исто така ќе биде познат составот и на остантите групи.
Треба да се спомене дека уште две македонски екипи се пријавија за вајлд-карта за настап во елитното натпреварување, а тоа се Металург и Еурофарм Работник.
Македонските тимови ќе се борат со Нант, Шамбери, Кил, Пик Сегед и многу други за дополнтелно место во ЛШ, па останува да видиме дали ќе имаат среќа и тие да настапат во елитното натпреварување.