Вардар доби огромно засилување – Давид Бабунски!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во последните часови од преодниот рок, Вардар успеа да реализира трансфер кој привлече големо внимание – македонскиот репрезентативец Давид Бабунски ќе го облече дресот на „црвено-црните“.

Клубот вечерва ја израдува својата навивачка армија со објавата дека искусниот офанзивец од денеска е ново засилување на тимот.

Ова ќе биде првпат 31-годишниот Бабунски да заигра во домашниот шампионат, и тоа токму за најтрофејниот македонски клуб.

Во Скопје доаѓа како слободен агент, а од Вардар очекуваат неговото искуство и квалитет да бидат значаен импулс за амбициите на тимот во новата сезона.