Вардар добро се држеше, но загуби кај Пик Сегед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар доживеа минимален пораз на тешкото гостување кај Пик Сегед во Лигата на шампион со 33-34, иако добро се држеше во текот на целиот натпревар.

Од почетокот се играше напаѓачки, погодуваа и двете екипи. Вардар во најголем дел од првото полувреме имаше предност, а на крајот првите 30 минути завршија со два гола предност за унгарскиот претставник 17:19.

На стартот од вториот дел Вардар како да излезе со друг тим. Цели шест минути избраниците на Алушовски беа без гол, па Сегед го сврти резултатот и поведе со 20:19. Минутите без гол за Вардар ги прекине Стоилов, но потоа повторно следуваа нови овој пат осум во кои Вардар беше без гол.

Во еден момент Сегед имаше четири голови предност 30:26. Сепак, Вардар се врати и во последната минута влезе со негатива од еден гол (33:32). Клучно за поразот можеби беше исклучувањето на Шеваљевиќ. Таа предност Сегед ја искористи и го доби натпреварот со 34:33.

Најефикасни кај Вардар беа Чупиќ со девет гола, Стоилов постигна шест, Јотиќ и Дибиров по пет. Кај Сегед Бодо Ричард постигна седум.