Вардар: Доста беше, време е да го кажеме својот збор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Вардар се врати во Првата лига, но сè уште има сериозни проблеми и се наоѓа на последното место во лигата со само четири освоени бода по седум одиграни меча.

Проблемите во клубот не се надминати, а со последната објава на социјалните мрежи беше најавено дека ќе се открие вистината за Вардар.

„Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше! Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55. Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот“, соопштија од Вардар.