Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар го загуби првиот меч од Веспрем со 22-30 во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони (ЛШ).
Веспрем подобро го отвори мечот (2-0), но потоа Вардар одговори и со серија од четири гола поведе со 4-2. Предноста на македонскиот тим достигна и плус четири (9-5), меѓутоа унгарската екипа потоа ги користеше своите шанси и ја наполни мрежата на „црвено-црните“ до полувреме (15-11).
„Црвено-црните“ не ги користеа своите напади, па набрзо Веспрем стигна до убедливи +10 (23-13) и така го реши прашањет за победникот, а на Вардар не му остана ништо друго освен да го ублажи поразот до крајот (22-30).