Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ракометарите на Вардар славеа со 37-25 против Тиквеш во последното коло до македонскиот шампионат и така ја освоија титулата по 15. пат во историјата.
„Црвено-црните“ тргнаа фуриозно во „Јане Сандански“, па уште на почетокот беше јасно дека Вардар ќе слави откако имаше водство од 18-10 на полувреме.
Предноста на Вардар растеше и во вториот дел, па достигна највисоки +13 (28-15), по што тренерот Давид Дејвис им даде шанса и на останатите ракометари, а на крајот славеа со 37-25.
Вардар ја заврши сезоната со 32 бодови, односно четири бода повеќе од Пелистер, кој допрва треба да го одигра последниот меч против Бутел.