Вардар е шампион на Македонија, Силекс ќе игра во Лига на шампиони!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската екипа Вардар ја доби титулата во Првата лига, откако беше прекината сезоната по 23 одиграни кола, а во момент кога се случи тоа, „црвено-црните“ имаа предност од 10 бодови од Силекс.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврди информацијата, откако вчера објави дека Вардар нема да добие евролиценца и тоа значи скопскиот тим ќе остане втора сезона по ред без настап во европските натпреварувања.

Од друга страна, Силекс како второпласиран ќе игра во квалификациите во Лигата на шампиони, па така екипата од Кратово ќе добие 800.000 ера од настапите во Европа.

Вардар ја доби 12. титула во историјата. Тие беа шампиони во 1993, 1994, 1995, 2002, 20003, 2012, 2013, 2015, 2016 и 2017 година.