Вардар ги претстави новите засилувања за следната сезона


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Актуелниот македонски фудбалски шампион, екипата на Вардар денеска и официјално ги претстави сите засилувања со кои ќе атакува на што подобар пласман оваа сезона.

Откако барем навидум се надминаа проблемите, Вардарци се чини склопија респектабилен состав со кој ако ништо друго барем ќе го задржат прволигашкиот статус.

Во клубот пристигнаа 11 нови фудбалери, на кои секако ќе им треба време за адаптација во новата средина.

Нови фудбалери на Вардар се: Александар Игески, Филип Петковски, Дејан Блажевски, Бојан Најденов, Милован Петровиќ, Ерен Парталко, Марко Мартинага, Чарлстон Силва Дос Сантос, Виктор Велковски, Стефан Лазаревиќ и Мартин Мирчевски.

Posted by FK Vardar on Петок, 11 септември 2020