Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терминот за првиот квалификациски натпревар против финскиот Купс.
Македонскиот шампион ќе ја има предноста да го отвори двомечот на домашен терен. Средбата е закажана за 7 јули со почеток од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот во Финска ќе се одигра една недела подоцна.
Доколку „црвено-црните“ успеат да ја минат првата пречка, во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги очекува победникот од пресметката меѓу Сабах и ТНС.
















