Вардар го губи местото во ЛШ!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар би можел да добие лоши вести, како што пишува „Балкан-Хендбол“, затоа што Европската ракометна федерација (ЕХФ) планира да му забрани на поранешниот европски првак настап во Лигата на шампиони (ЛШ).

Вардар би можел да остане без настап во елитното натпреварување следната сезона поради лошата финансиска состојба, иако ЕХФ лани му дозволи на македонскиот првак да заигра во ЛШ.

Официјалната одлука од страна на ЕХФ се очекува до крајот на неделата, а за вајлд-карта аплицираа ППД Загреб и Целје.

Ова дефинитивно ќе биде голем удар за Вардар, кој планираше да го засили тимот и да се вмеша во битката за европската круна.