Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Вардар по 18 години повторно триумфираше во Купот на Македонија, победувајќи ја Струга Трим Лум со 2-0 во финалето одржано на Националната Арена Тодор Проески.
Михаил Талевски беше херој на натпреварот, откако со два постигнати гола ја обезбеди оваа голема победа за Вардар, која од борба за опстанок му обезбеди место во европските натпревари.
Последен пат Вардар го подигна трофејот во Купот во сезоната 2007/08, што значи пред цели 18 години.
Со оваа победа, Вардар обезбедува учество во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.