Вардар го освои Купот на Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометниот гигант Вардар славеше во финалето на Купот на Македонија против Пелистер со 26-25 и така се закити со 16. пехар во историјата на натпреварувањето.

Вардар го имаше водството од самиот старт на натпреварот, кое на полувремето достигна 16-12, а најдраматично беше во завршницата од дуелот.

„Црвено-црните“ прокоцкаа предност од четири гола, а Пелистер се доближи на само еден погодок на 15 секунди пред крајот.

Поранешниот европски првак успеа да се одбрани од нападот на битолчани и го освои трофејот во Купот.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум голови, додека Усама Хосни и Мохамед Суси постигнаа по пет за Пелистер.