Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Трајкоски е трето засилување на Вардар во летниот преоден рок. Тој има 23 години и над 100 настапи во Првата македонска лига.
Трајкоски досега ги носеше дресовите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров и се очекува да биде квалитетно засилување за „црвено-црните“.
„Му посакуваме успешни настапи и победи во дресот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб“, објави Вардар.
Вардар воедно упати и апел до сите навивачи да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно му помагаат на тимот.