Вардар го промовира третото засилување: Трајкоски потпиша за „црвено-црните“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Трајкоски е трето засилување на Вардар во летниот преоден рок. Тој има 23 години и над 100 настапи во Првата македонска лига.

Трајкоски досега ги носеше дресовите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров и се очекува да биде квалитетно засилување за „црвено-црните“.

„Му посакуваме успешни настапи и победи во дресот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб“, објави Вардар.

Вардар воедно упати и апел до сите навивачи да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно му помагаат на тимот.