Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Вардар во последните денови работеше на засилување на тимот и започна со реорганизација. Со оваа реорганизација, од тимот си заминуваат фудбалери кои не се дел од плановите на стручниот штаб за втората половина од сезоната.
Меѓу овие фудбалери е и корејскиот интернационалец Сеук Гјун Ким, кој по само една полусезона, заминува од Македонија.
Денес клубот официјално потврди дека договорот со Ким е раскинат. Тој си заминува од Вардар со скромно учество од само шест натпревари во Првата македонска фудбалска лига.