Вардар го реши Металург и го одбрани Суперкупот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар го одбрани трофејот во македонскиот Суперкуп, откако славеше со 26-24 против вечниот ривал Металург.

Металург не можеше да направи изненадување против шампионски тим на „црвено-црните“, иако во финишот од мечот успеаа да го ублажат поразот.

Вардар имаше водство во поголемиот дел од првото полувреме, па на пауза замина со водство до 16-10 и практично тука беше решен мечот. Во вториот дел тие ја одржуваа предноста против Металург, а екипата од Автокоманда намали на 24-26.

Најефикасен во триумфот на Вардар беше Сергеј Горбок со шест погодоци, а вреди да се спомене дека ова е трет трофеј во македонскиот Суперкуп за „црвено-црните“.