Вардар го совлада Пелистер во Суперкупот на Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скопскиот гигант Вардар денеска славеше со 30-26 против Пелистер во Суперкупот на Македонија, а ова е одличен почеток на новата сезона за „црвено-црните“ кои го реновираа тимот летово.

Пелистер имаше водство во првото полувреме од 8-6, но Вардар не се предаваше и на паузата замина со нерешен резултат (13-13).

Жестока битка се водеше до 20-20 , по што Вардар ја одржуваше предноста од еден гол, а во завршницата конечно направи разлика за да слави со 30-26.

Срдановиќ беше најефикасен на теренот со осум голови, додека Петриќ запиша седум погодоци. На спротивната страна најдобар беше Радивојевиќ со седум гола.