Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар ја оправда фаворитската улога денеска против Порто, па славеше со 32-27 во вториот меч од групната фаза во Лигата на шампиони.
„Црвено-црните“ имаа разочарувачки старт на натпреварот, па по првите 30 минути имаа и негатива, но во второто полувреме целосно ги скршија Португалците.
Тимур Дибиров кажа дека не требало да се потценува Порто и тие имаат што да покажат во иднина, но исто така ја спомена и публиката, која беше во СЦ „Јане Сандански“.
„Порто е потценет. Тие ќе имаат неколку победи, зашто тимот расте многу брзо. Во секој случај, ние сме среќни поради победата. Исто така очекував салата да биде полна, но и покрај тоа добивме голема поддршка“, порача Дибиров.