Вардар го загуби дербито од Воска, Силекс гази кон Прва лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар загуби уште едно дерби во Втората лига – Запад, откако денеска беше поразен на гостувањето кај Воска со 1-2 и така конкурентите им избегаа во битката за враќање во Првата македонска лига.

Воска брзо стигна до предност преку Изаир Емини уште во третата минута, а пред крајот на полувреме Елмир Алији зголеми на 2:0. Вардар до крајот само преку Трајче Стојковски во 87. минута успеа да го ублажи поразот.

Силекс продолжи сигурно да чекори кон првата лига и со 3:0 славеше против Охрид. Тетекс на гости триумфираше против Кадино, Велешта и Кораби одиграа 2:2, а Беса и Гостивар 1:1.

На врвот на табелата сега Силекс има 33 бода на првата позиција, Воска дојде до 25 бода, а Вардар остана на 20.

Фото: ФК Вардар