Вардар го засили нападот со фудбалер на Охрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар се соочува со проблеми веќе некое време и неколку фудбалери си заминаа од екипата, меѓутоа „црвено-црните“ денеска конечно промовираа засилување.

Вардар промовираше засилување во нападот, а тоа е Дарко Размоски кој доаѓа од екипата на Охрид и треба да помогне во битката за враќање во Првата лига.

„Дарко Размоски е нов играч на ФК Вардар. Има 23 години, доаѓа од екипата на Охрид, во својата кариера меѓу другото бил дел од екипите на Академија Пандев, Беласица, Пелистер. Игра на крилните позиции, а со најтрофејниот клуб во Македонија потпиша договор до крајот на сезоната“, потврди Вардар.