Вардар го засили нападот со Кире Маркоски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтројфениот македонски клуб Вардар доби нов напаѓач, откако денеска потпиша договор со 27-годишниот Кире Маркоски.

Маркоски досега настапи пет пати за Македонија, а притоа постигна еден гол, додека има шест гола за младинската репрезентација, но и богато искуство во Првата лига.

Македонскиот напаѓач го носеше дресот на Работнички во минатото и има 150 настапи во Првата лига, а има настапувано и за Спартак Трнава, АЕЛ Лимасол, Карвина и други.