Вардар храбро се бореше, но грешките скапо ги плати против Кјелце


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вардар против Кјелце денес во Лигата на шампионите загуби, меѓутоа во најголем дел од мечот црвено-црните беа рамноправен противник.

Кјелце е фаворит во овој дуел, но овој Вардар одново покажа дека може да се надигрува со секого. После почетното водство на гостинскиот тим од 0:1, Вардар направи серија од 5:0 и стигна до 5:1. По тој момент гостите почнаа да се враќаат во игра и полека ја топеа предноста и во 16. минута дојдоа до изедначување на 9:9. Имаа гостите тогаш напад и за водство, но не реализираа.

Во тој период Волф беше одличен на голот, па Вардар не реализираше неколку напади. Во 19. минута Кјелце првпат после почетните 0:1 дојде до водство (9:10). Вардар експресно изедначи со гол на Чупиќ (10:10). Со тој резултат се влезе во последните 10 минути од полувремето. Кјелце во наредните минути постигна два гола и дојде до плус два (10:12). Тука следуваше тајм-аут на Алушовски.

Недостасуваа одбрани во овие моменти, Кејлце го реализираше скоро секој напад, додека на другата страна го имавме одличниот Волф. Конечно по пауза од неколку минути Дибиров го совлада во Волф на четири минути до крајот за намалување на 12:14.

Категрел во последните минути од првиот дел доби шанса и два пати одбрани, меѓутоа одново немавме добра реализација, па на полувреме Кјелце замина со предност од 13:16

На стартот од вториот дел се играше гол за гол, меѓутоа набрзо следуваше многу подобра игра. Вардар изгледаше поцврсто на голот, а Кантегрел запиша четири одбрани во првите 13 минути. Таквата игра вроди со плод и Вардар во 12. минута изедначи, а веќе во следниот напад и го врати водството кое го изгуби во првиот дел (22:21). Ова беа минути на Вардар, момците на Алушовски добија напад и за +2, меѓутоа не го искористија, па Кјелце изедначи на 22:22

Сепак по тоа изедначување на Вардар Кјелце излезе од кризниот период во кој беше неколку минути и ја врати предноста, набрзо направија и +3. Најголеми проблеми на вардаровата одбрана и создаваше Душебаев. Кај македонскиот тим Ѓоргиевски беше освежување во вториот дел. На 10 минути до крајот Кјелце водеше со 24:26.

Како што одминуваше времето Вардар како да губеше сили. Кјелце во 55. минута дојде и на +5 (24:29). Тука стануваше јасно дека Вардар го губи овој дуел.

На крај Кјелце го доби овој дуел со 29:33.