Вардар и Пелистер ги дознаа казните за инцидентот во „Јане Сандански“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Комисијата на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги изрече казните за Вардар и Пелистер по инцидентите на дербито во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Вардарци ќе ги играат следните два меча без присуство на публика, а исто така ќе мора да платат 150.000 денари како казна, а истата парична санкција ја доби и Пелистер.

Казните за клубовите доаѓаат по прекинот на дербито, кое се играше на 26 март годинава, а му припадна на Вардар.