Вардар и со втор тим без проблеми го реши Пекинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар денеска славеше на гостувањето во Загреб против Пекинг спортски универзитет со убедливи 36-28.

Вардар играше со втор тим, но и покрај тоа на стартот направи предност од четири гола, а потоа водството растеше и до убедливи 21-10 во првите 30 минути.

Во второто полувреме Пекинг заиигра за нијанса подобро, па почна да ја топи предноста на „црвено-црните“, но сепак далеку беше од било какво изненадување, па на крајот загубија со 28-36.

Најдобар во таборот на „црвено-црните“ беше Ален Ќосевски со осум постигнати гола, па Вардар останува на првото место со 12 бода во групата А, колку што има и Мотор Запорожје.