Вардар им се врати на победите во СЕХА, во „Јане Сандански“ падна Нексе

Ракометарите на Вардар одработија рутинска победа против хрватскиот вицешампион Нексе од Нашице кој го добија со резултат 27:25.

Хрватите го мачеа Вардар посебно во првиот дел во кој имаа и резултатска предност, но на полувреме се замина со нерешен резултат (14:14).

Слично како и на средбата со Порто, Вардарци се разбудија веднаш на почетокот на вториот дел и направија солидна предност од шест гола која му даде можност на Писонеро да ротира во тимот и шанса да им даде и на помладите ракометари.

Најдобар поединец кај „црвно црните“ беше Дибиров со девет постигнати погодоци, додека на шест застана Кристијан Дисингер. Одлична партија имаше и Калифа Гедбан со 14 одбрани и полека но сигурно ја крева формата.