Вардар има ново засилување: Европскиот шампион си најде словенечки џин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар го ангажираше Домен Сикошек Пелко, па словенечкиот ракометар ќе остане во редовите на европскиот шампион една сезона, а има клаузула во договорот да ја продолжи соработката на уште две сезони.

Најголема предност на Пелко е неговата висина (202 см), а во редовите на Вардар доаѓа од австриски Брук, кадешто настапуваше лани.

Пелко кажа дека е задоволен што потпишал за европскиот шампион и вели дека тоа е остварување на сонот за него.

„Ова е големо задоволство за мене, зашто ми се исполни сонот да заиграм за европски првак, како што тоа сега е Вардар. Знам дека ме чека напорна работа, но ќе го дадам максимумот“, вели Пелко.