Вардар испушти 3 погодоци предност и на крајот се задоволи само со бод


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар одиграа нерешено, 34:34 во Јане Сандански против Мешков Брест  на отворањето на СЕХА лигата.

Лош старт за Вардарци, серија од 1:3 на Мешков Брест. До крајот на полувреме ракометарите на Вардар се обидуваа да се вратат резултатски во натпреварот, но Мешков Брест замина на полувреме со предност од 15:18. На стартот на второто полувреме Вардарци направија серија од 2 погодоци и намалија на 1 погодок предност. Се направија неколку серии по 2 погодоци од двете екипи. Вардар успеа да израмни и да направи превсрт. Мешков Брест на само 2 минути до крајот направи серија од 3 погодоци и успеа да израмни, 33:33. Циндриќ погоди за 34:33, а Стојанче Стоилов доби црвен картон, Мешков Брест доби пенал кој беше реализиран за конечни 34:34. Тимур Дибиров со 9 погодоци беше најефикасен во Вардар.