Вардар испушти триумф против Силекс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја пропушти шансата за прва победа во Првата лига, откако одиграа 2-2 против Силекс.

Силекс остана со играч помалку во 38. минута, кога Љамалари доби црвен картон, а потоа Дарко Мицевски од пенал стрелаше за 1-0.

Гостите ја вратија неизвесноста во 56. минута кога Ангелевски постигна прекрасен гол за 1-1, но набрзо Вардар повторно поведе преку Давид Велковски.

Вардар имаше уште неколку шанси во продолжение од средбата, меѓутоа не ги искористи, па казната стигна во завршницата преку Ефремов.

На останатите натпревари Гостивар славеше со 2-0 против Работнички, Македонија ЃП одигра 0-0 против Шкупи, додека Шкендија ја совлада Брегалница со 2-0.