Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
На Градскиот стадион во Скопје, Струга извојува важна победа со 1-0 против Работнички.
Единствениот гол, кој го постигна Укпа во 54. минута, и ја зголеми позицијата на Струга на 45 бодови, го одржува клубот во игра за излез во Европа.
Натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш беше исполнет со возбудливи моменти и заврши нерешено 2-2. Екипата од Кавадарци поведе со голот на Садик во 41. минута, но Закариќ израмни пред полувремето. Гостите пак дојдоа до предност преку Мишов, но на самиот крај Сенгор изедначи и обезбеди бод за „црвено-црните“.
Останати резултати:
Гостивар – Шкупи 3-1
Пелистер – АП Брера 1-2
Шкендија – Воска 4-0
Силекс – Беса 5-0
Фото: Принтскрин