Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дејан Милосављев за следната сезона дефинитивно ќе го напушти Скопје и ќе го замени со Берлин каде ќе брани во дресот на Фуксе Берлин.
Откако станува се појасно дека проектот Вардар ќе продолжи да живее, сега во јавноста излегуваат информации за потенцијални засилувања за Европскиот шампион.
Имено, се верува дека во Вардар следната година на голот ќе застане актуелниот голман на Монпелје, Никола Портнер.
26 годишниот голман три сезони е дел од Монпелје и беше во овој тим кога Французинте лани стигнаа до трофејот во Лигата на шампионите, а претходно во кариерата ги бранел боите на Берн и Кадетен Шафхаузен.