Вардар ќе може да се гледа на „Спортклуб“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварите на македонскиот второлигаш и најтрофеен клуб Вардар ќе се пренесуваат на регионалната телевизија „Спортклуб“.

Информацијата ја потврдија од тимот на „црвено-црните“, кои соопштија дека постигнале соработка со телевизијата за преноси од домашни натпревари.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб. Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко“, соопштија од тимот.

Академија Пандев претходно се договори со „Арена Спорт“ за пренос на натпреварите од Првата лига.