Вардар ќе плати милион евра за да игра во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар ќе го исполни условот кој му го постави Европската ракометна федерација (ЕХФ), а тоа е да се уплати милион евра на нивна сметка како гаранција.

Вардар ќе ги исполни барата на ЕХФ и ќе уплати милион евра, а тоа го потврди првиот човек на поранешниот европски шампион, Михајло Михајловски.

„Црвено-црните“ сакаат и следната сезона да играат во елитата и ќе го решат проблемот кој се појави од страна на ЕХФ.

„Ќе играме во Лига на шампиони. Вардар ќе ја уплати бараната сума од ЕХФ“, кажал Михајловски.