Вардар ќе се засили со бразилски бек!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар ќе добие ново засилување во екипата, а тоа е бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира кој претходно го носеше дресот на Ла Риоха.

Шпанските медиуми објавија дека бекот се договорил со Вардар и по Светското првенство (СП) во Полска и Шведска ќе стигне во Скопје.

Дутра е висок 184 сантиметри и има 26 години, а со неговиот квалитет дефинитивно ќе ја зголеми конкуренцијата во редовите на „црвено-црните“.