Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Екипата на Вардар 1961, конечно, се врати на патот на победите, победувајќи на домашен терен против Кристијанштад со доминантен резултат од 35-30 (17-16) во четвртото коло од Европската лига на ЕХФ.
Домашните играчи беа многу посилни и поагресивни отколку на претходниот натпревар во Шведска. Димитро Хориха блесна со девет постигнати погодоци, додека Јака Малус додаде значајни седум погодоци. Голманот Милош Валах беше исто така значаен – со 15 одбрани, го одржуваше ритамот на Вардар во клучните моменти.
Во редовите на гостинскиот тим, се истакнаа Мансел со девет и Нилсен со осум погодоци.










