Вардар најде замена за Скубе од Португалија

Европскиот шампион Вардар гради екипа за следната сезона во која очигледно ќе има големи амбиции, откако претходно беше договорена нова соработка на неколку важни ракометари. Денеска беше објавено дека „црвено-црните“ ќе се засилат со фантастичен ракометар од Португалија, а станува збор за Мигел Мартинс Соареш.

Соареш настапува на позицијата среден бек, а има 192 сантиметри и 22 години. Сезонава настапуваше за Порто и го покажа својот квалитет во Лигата на шампиони.

Португалецот постигна 43 погодоци за Порто и го покажа својот огромен талент, а без сомнение Вардар добива квалитетен ракометар, кој ќе биде замена за Сташ Скубе.