Вардар не успеа да го задржи тронот, Веспрем е нов владетел во СЕХА Лигата


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Екипата на Веспрем е новиот шампион во СЕХА Лигата откако очекувано so 35:27 беше поуспешна од тимот на скопски Вардар.

Унгарците од самиот почеток ја контролираа играта и имаа целосна контрола на резултатот, освен во финалните моменти од полувремето кога Вардар се доближи и на минус два.

Во вториот дел Веспрем ја продолжи играта од првиот дел од првото полувреме и повторно стигна до недостижни плус седум.

Вреди да се напомене дека во Веспрем супер расположен беше голманот Коралес кој забележа 14 интервенции од кои многу беа чисти зицери за гол, посебно во првиот дел.

Најпрецизен во победничкиот табор беше Петар Ненадиќ со пет погодоци, додека по четири постигнаа Манасков, Мораеш, Нилсон и Лекаи.

Во Вардар, Глеб Калараш постигна шест гола, додека Јотиќ и Валчак забележаа по четири погодоци.